Македонија
16. July 2020 - 13:53

Возило кое пренесувало изборен материјал се запалило близу Тетово

Рано утринава во 4 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека моторно возило „форд транзит“ го гостиварски регистарски ознаки, што го управувал 35-годишниот гостиварец Ф.А, во непосредна близина на наплатната станица Тетово се запалило во движење.

Во возилото се наоѓале пет членови на Општинската изборна комисија Гостивар и го превезувале избирачкиот материјал во Скопје.

Материјалот воопшто не бил оштетен и потоа бил префрлен во друго возило и бил испратен во Државната изборна комисија.