Возило излетало од патот Могила-Будаково, повредени пет лица
СВР-Битола соопшти дека синоќа во 21:20 часот било пријавено дека на патот Могила-Будаково пред селото Радобор се случила сообраќајна несреќа во која се повредени неколку државјани на Република Турција.
Во сообраќајката учествувал патничко возило „форд галакси“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Џ. (44) од село Канатларци, Прилепско излетало од патот и притоа во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле С.Џ. и сопатниците Е.Џ. (29) од селото Канатларци и тројца државјани на Република Турција, односно М.З. (21), М.С. (20) и А.Д. (22). Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.
Викендов во Битола извршени се и 613 сообраќајни контроли за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство и утврдено е дека 13 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 14 возила, брзината ја надминале 36 возачи од исконтролираните возила, тројца возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото, а четворица други не користеле сигурносен појас.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот