Возило излетало од патот и завршило на покривот од воденица во Македонска Каменица
Патничко возило ,,фолксваген” излетало од регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица, при што на влезот во Македонска Каменица оштети угостителски објект предизвикувајки значителна материјална штета.
Очевидци велат дека несреќата се случила во текот на вчерашното попладне, при што патничкото возило во кое се наоѓало машко лице, уништило дел од отворен простор на угостителски објект, соборило столб од системот за улично осветлување и слетало врз покривот од друг објект.
Како можни причини кои довеле до излетување на возилото од патот, тие го наведуваат влажниот коловоз и неприлагодена брзина на возилото.
На местото на настанот извршен е увид од екипа од Полициското одделение во Македонска Каменица и МВР Делчево, од каде се најавени дополнителни информации за причините и останатите детали за несреќата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација