Македонија
21. October 2019 - 11:56

Возило излета од скопската обиколница, возачот тешко повреден

Вчера во 07.30 часот на автопатот Скопје - Куманово, на исклучокот за обиколницата на град Скопје, патничко возило „ауди А8“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(28) од с.Инџиково, скопско, излетало од патот.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.