Македонија
7. January 2020 - 13:56

Возило излета од патот кај Богомила, возачот повреден

Вчера утро околу 07.30 часот на регионалниот пат Богомила-Стари Град, во близина на крстосницата со регионалниот пат Велес-Извор, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.З.(49) од Скопје, излетало од коловозот. 

Во незгодата со повреди се здобил Д.З. и бил пренесен во Општата болница Велес за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.