Македонија
26. November 2018 - 10:48

Возило излета од патот Градско - Прилеп, сопатничка тешко повредена

Вчера околу 18,30 часот на патот Градско - Прилеп патничко моторно возило „Форд Фиеста“ со битолски регистарски ознаки управувано од В.С.(55) од Битола во кое се превезувале двајца сопатници излетало од патот.

Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.С.(51) на која и е укажана лекарска помош во Градска болница Прилеп.