Македонија
17. јуни 2018 - 11:37

Возило излета од пат во тетовско, тешко повреден 15-годишен сопатник

Ноќеска во 02.00 часот на локалниот пат с.Сиричино кон с.Туденце, тетовско, Р.И.(24) од с.Раотинце, тетовско, управувајќи товарно возило „Форд“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил 15-годишен сопатник од с.Јегуновце, тетовско. Тој бил пренесен во Клиничката болница - Тетово каде му била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите тој бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово.