Македонија
17. January 2017 - 12:48

Возете внимателно - Сообраќајот во зимски услови, остатоци од кашест снег на коловозите

Врнежи од слаб снег има во Куманово, Струмица, Петровец и на планинскиот превој Ѓавато. На коловозите низ патиштата во државата има остатоци од кашест снег поради што се апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Јавното претпријатие „Македонијапат“ информира дека нивните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Од 9:45 часот е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар - Кичево преку планинскиот превој Стража, а од 09:50 часот и на патниот правец Кичево - Охрид преку планинскиот превој Пресека. 

Патниот правец Македонски Брод - с.Здуње, на кој гравитираат 11 села, сеуште е непроден за секаков вид сообраќај.