Возење велосипед низ Скопје за почист град
Од плоштадот „Македонија“ денеска во 17.30 часот ќе почне 43-та критична маса на тема „Здрав транспорт за здрави градови!“
Организатор е „На точак“-неформална група скопски велосипедисти, оформена првично преку социјални мрежи. Цел на „На точак“ и на организирањето критична маса во Скопје е популаризација на велосипедот како урбано превозно средство. Критична маса е возење велосипед и се создава кога група велосипедисти ќе се соберат на едно место и заедно се возат по улиците од нивниот град.
Освен во Скопје, на истата тема ќе се вози во повеќе градови и во различни термини. Денеска ќе се вози и низ Прилеп, а се тргнува од 17.30 часот од пред споменикот Александар Македонски. Утре ќе се вози во Битола и Штип, а в недела во Гостивар.
Организаторот апелира до надлежните дека е потребно да се обезбеди простор за сите начини на транспорт (пешачење, возење велосипед, јавен превоз, автомобил), со предност на одржливите начини на транспорт, овозможување повеќе опции и побрзо стигнување со незагадувачкиот здрав транспорт (пешачење, возење велосипед) и јавниот транспорт.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот