Македонија
23. September 2022 - 12:35

Возел „пасат“ со одземени таблици од „зафира“, уапсен 21-годишник од Батинци

Вчера во 16.40 часот на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода А.Р.(21) од с.Батинци, скопско, затоа што управувал возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски таблици, кои биле одземени од патничко возило „опел зафира“ на 31.08.2022 година.

Како што информираат од МВР, претходно, тој со возилото се движел од патарина „Петровец“ кон Скопје, по што на семафори од крстосница од бул.„Александар Македонски“ и ул.„16. Македонска бригада“ го оставил возилото и се дал во бегство, но набргу бил фатен.

По целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.