Македонија
16. April 2018 - 14:33

Возел мотор без возачка на автопатот Тетово - Скопје, па се судри со ауди

Ноќеска околу 01.00 часот на автопатот Тетово- Скопје, во близина на клучката за Желино, дошло до судир помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки таблици, кој без положен возачки испит го управувал С.И. (25) од с. Рогле, тетовско и патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.И. (51) од с. Грчец, скопско.
 
Притоа, со повреди се здобил мотоциклистот, кој со истото возило бил пренесен и задржан во тетовската клиничка болница. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.