Живот
1. јуни 2016 - 13:49

Возел 12 километри каснат од шарка: Ова човекот од Ново Село кој го преживеал каснувањето од отровницата!

Слободан Јовановиќ (73) од Ново Село, Ниш, го каснала змија во неговото лозје, во селото Дудулјце. Змијата двапати го каснала за скочниот зглоб, но тој бил доволно присебен и веднаш седнал во автомобилот и се упатил кон својата куќа 12 километри оддлечена од Ново Село.

- По копањето на лозјето сакав малку да одморам и тргнав кон викендицата. Не ја видов змијата додека не ме касна. Осетив само како нешто два пати ме каснува, а потоа видов како змија бега во тревата. Имаше шилеста глава и шари по телото, веднаш знаев дека е шарка, раскажува за Телеграф.рс Јовановиќ од болничката постела.

Свесен за фаталниот исход, Јовановиќ веднаш седнал во автомобилот и тргнал кон својата куќа. По пат го известил семејството за нападот на отровницата.

-Да тргнев на време, ќе останев свесен кога стигнав дома. Потполно омалаксав, од рацете ми испаднаа двата телефона. Додека синот ме возеше кон болница, на кратко сум изгубил свест. Да не побрзав, тоа ќе ме снајдеше на пат кон дома, кој био знаел што би било со мене, додава Јовановиќ.

За се што му се случило, се обвинува самиот себе.

- Соседот, убаво си облече чизми, а јас одам во плитки обувки. Штом искочам од болница ќе ги купам најдлабоките чизми, најавува Јовановиќ.

Од нишката Инфекивна клиника соопштуваат дека ова е трето каснување од змија оваа пролет, и за среќа, никој не починал поради труење.