-->
-->
Возачот на автобусот со кој се преврте кај Тетово го напуштил својот дом во Гостивар
-->
Возачот на автобусот кој заврши во провалија кај Автопатот Тетово – Скопје со неговото семејство го напуштил домот во Гостивар веднаш по страотната сообраќајна несреќа, пишува Телма.
Насобраните писма и сметки висат на влезната врата. Соседите велат дека возачот бил професионалец и сериозен во својата работа.
Од Јавното обвинителство, најавија дека деновиве ќе го повикаат да сведочи и возачот на автобусот. Во тек е вештачењето на автобусот, патниците веќе се сослушуваат.
Меѓу нив е и Бејтула Нухиу кој задоби телесни повреди во сообраќајката. Вели дека кога возилото почнале да преминува на другата лента забележал дека возачот се борел да го контролира автобусот. Сакал да му помогне, но се се случило за миг.
Очевидци на сообраќајката пред камера за „Телма“ кажаа дека возачот нагло свртел лево и со голема брзина удрил во банкините. Не забележале дека биле употребувани кочници. Во сообраќајката загинааа 15 лица a триесетина беа повредени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто
-
24-годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг