Балкан
8. April 2020 - 11:25

Возачите на градските автобуси во Љубљана дневно разнесуваат 515 бесплатни оброци

По затворањето на училиштата и градинките во Словенија, голем број деца, пред се од социјално ранливи семејства, останаа без ниту еден топол оброк во текот на денот.

За решавање на овој проблем и за помош на овие деца се пријавија и голем број доброволци, меѓу кои и 200 возачи на градските автобуси во Љубљана. Дневно овие луѓе разнесуваат и до 515 бесплатни топли оброци.

Бесплатен топол оброк добиваат е старите лица кои се сами во своите домови и нема кој да се грижи за нив.

За бесплатно доброволно чување на деца се правија 132 воспитувачи и учители, кои што ги чуваат дома децата кои немаат кој друг да внимавам на нив.

Министерството за образование на Словенија се погрижи и дечињата од социјално ранливите семејства до добијат компјутери и пристап до интернет со цел да можат во услови на епидемија да продолжат со образовниот процес.