Македонија
6. December 2018 - 11:31

Возач загина во страотна сообраќајка во Струмица

Вчера во 21,50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица — село Ново Село, поточно на влезот во село Босилово, патничко моторно возило “Опел Корса“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.Р.(37) од село Еднокуќево, струмичко излетало надвор од патот и се превртело.

Во незгодата на местото на настанот починал М.Р.

Извршен е увид на местото на настанот.