Македонија
9. July 2019 - 10:19

Возач од Делчево со тешки повреди од сообраќајка згрижен во болница во Штип

Синоќа во 22.35 часот на регионалниот пат Берово-Делчево, кај база „Гранит“, М.П.(45) од Делчево, управувајќи патничко возило „БМВ“ со бугарски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.П. и бил пренесен во Медицински центар Штип. 

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Берово.