Македонија
12. јуни 2017 - 13:55

Возач нападнал двајца полицајци кои го стопирале

Триесетгодишен возач од Скопје откако не застанал на знак за стопирање од полицијата со возилото удрил еден полицаец, а неговиот колега го повредил со тупаница во лицето.

Според Министерството за внатрешни работи, синоќа во 21 часот вона крстосницата од ул. „Ристо Шишков“ и ул.„Аминта Трети“ во Скопје, скопјанецот Ф.П. (30) со автомобил „Сеат Леон“ со скопски регистарски ознаки не застанал на даден знак за застанување од полициски слижбеници кои вршеле регулација на сообраќајот, и со возилото удрил полициски службеник-приправник. Потоа, излегол од возилото, се упатил кон друг полициски службеник и го удрил со тупаница во пределот на лицето.

Ф.П. е приведен во полициска станица Центар, а полициските службеници се префрлени во Клинички центар Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.