Возач на „порше“ и мигрант ранети откако се обиделе да им избегаат на полицајци
Две лица се ранети при инцидент утрово на крстосница од пат с.Кравари – с.Оптичари, кај Битола кога патничко возило марка „порше“ со скопски регистарски таблички не застанало на наредба од полициски службеници и се обидело да ги прегази, по што полицајците испукале неколку истрели.
Како што соопшти МВР, настанот се случил утрово околу 6 часот на крстосница од пат с.Кравари – с.Оптичари, поради постоење основано сомнение дека се превезуваат мигранти, полициски службеници од Полициска станица Меџитлија се обиделе да го сопрат „поршето“,но возачот се обидел да ги прегази, по што полициските службеници од огнено оружје испукале неколку истрели.
Набрзо возилото запрело во близина на бензинска пумпа на влез во Битола, а во него бил затекнат возачот Ш.С., кој се здобил со две прострелни рани во нозете, додека во непосредна близина бил пронајден и еден мигрант со прострелна рана во едната нога.
Повредените лица се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно
-
Тошковски: Сериозно сум загрижен за изборниот процес
-
Се заокружуваат предизборните коалиции
-
Азески: Економијата да биде приоритет, а политичарите да ги исполнат ветувањата
-
Приватните специјализанти на протест – нема корекција на плати пред избори, им вратија надлежните