Возач на мотоцикл и велосипедист потешко повредени во сообраќајки во Скопје
Возач на мотоцикл и велосипедист се здобиле со тешки телесни повреди во две од вкупно 15 сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден. Во осум со полесни повреди се здобиле 12 лица. Во пет била причинета материјална штета.
МВР соопшти дека вчера околу 18.00 часот во Парк шума Гази Баба, М.Ш.(45) од Скопје, управувајќи мотоцикл „Гилера“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот М.Ш. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 27 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила седум возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 14 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и 20 нерегистрирани возила.
Санкционирани биле и тројца почетници, пет возачи поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, 17 возачи за не носење заштитен шлем, 10 возачи за не користење сигурносен појас и девет возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Затекнати биле 63 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 46 возила.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца