Македонија
9. May 2021 - 12:05

Возач на мопед тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Вчера во 10.20 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од ул.„Македонски војски“ и ул.„Ѓорче Петров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „дачија логан“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.А.(56) од Скопје и мопед „јонвеј“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(64) од Скопје,  информираат од МВР.

Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.