Македонија
2. January 2019 - 12:07

Возач на „Мерцедес“ удрил пешак и избегал

М.Ц. (40) од Скопје е тешко повреден откако ноќеска на булеварот „Јане Сандански“ бил удрен од патничко моторно возило „Мерцедес“.

Како што информира полицијата, возачот на „Мерцедесот“ побегнал од местото на несреќата, а  М.Ц. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Случајот е пријавен во 02:10 часот во СВР-Скопје. Увид е веќе извршен и се работи на расчистување на случајот.