Балкан
20. October 2017 - 12:38

Возач на БМВ рекол дека нема ништо да пријави, цариникот видел дека просторот меѓу седиштата е чуден па повикал засилување

Царински службеници во четвртокот околу 17:30 часот на царинскиот пункт Мердаре во соработа со полицијата заплениле 11 килогрмаи марихуана.

Дрогата е пронајдена во автомобил БМВ со чешки регистерски таблички, со кој патувал 49-годишен Албанец, државјанин на Чешка.

Тој на цариниците им рекол дека нема ништо да пријави.

Меѓутоа при деталниот преглед кој следел во фабричките отвори под возачкото и совозачкото седиште, под тапацирот на подот и во еден од куфероте под личните работи, пронајдени се седум пакети со марихуана, во вкупна тежина од 11,32 килограми, се наведува во соопштението.

Дрогата заедно со автомобилот и патникот се превземени од полицијата и обвинителството.