Балкан
7. March 2017 - 18:02

Возач на автобус приклешти дете со вратите - си продолжил да вози

Возач од Србија кој сообраќа на линијата со број 18, приклештил дете со возилото, па само продолжил да си вози како ништо да не се случило. 

За српскиот Курир, мајката на детето раскажува дека возачот го приклештил бебето во количка, а потоа продолжил да вози. Инцидентот се случил во саботата во 15 часот. 

Жената била во автобусот со сопругот и детето, а кога тргнале да се симнат на станица, сопругот излегол прв за да ја земе количката, а тогаш возачот ги затворил вратите. Сопругот тргнал да го заштити бебето, а тогаш возачот му ги приклештил рацете.

За среќа, бебето со рачињата не мрдало, му биле во количката, па не се случила несреќа или трагедија.