Возач и сопатник загинале во сообраќајка во Скопје
Возач на патничко моторно возило и сопатник загинале во една од вкупно 10 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во една сообраќајка потешко било повредено едно лице, пет лица се здобиле со полесни повреди во три сообраќајки, а во пет била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Осумдесет и девет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи поминале коловоз вон пешачки премин, пет возачи поминале крстосница на црвено светло, тројца возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување и 16 возачи за не користење на заштитен шлем. Санкционирани биле и тројца пешаци кои поминале коловоз во пешачки премин. Затекнати биле 120 непрописно паркирани возили.
Од сообраќај биле исклучени пет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 18 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца возачи почетници, како и две технички неисправни возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 68 возила.
Одделението за превенција при СВР Скопје денеска во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ ќе реализира едукативна работилница со децата од средна и голема група во детската градинка „25 Мај“’, објект „Искра“, која се наоѓа на подрачјето на општина Гази Баба.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица