Македонија
21. May 2022 - 16:51

Воз удрил во автомобил, повредени две лица

На 20.05.2022 во 17.40 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека непосредно до железничко стојалиште „Тројкрсти“ – Прилеп се случила железничка незгода помеѓу патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Битола и патничко возило „опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.Б.(48) од Прилеп.

Во незгодата со повреди се здобил возачот и совозачот Д.Б.(75) од Прилеп, но одбиле да им биде укажана помош. Жезничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин до 19.00 часот, а увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.