Македонија
29. December 2015 - 12:39

Воз удри во карпа, поведени нема

Утрово околу 6 часот на потегот на железничката линија село Согле-село Теово, Велешко се случи железничка несреќа при што воз удри во карпа.
 
Според информацијата од Анита Стојковска портпарол на СВР Велес, првично пријавено е дека повредени нема,  а има само  материјална штета на возот и пругата.
 
Железничкиот сообраќај беше во прекин четири часа и воспоставен е од 10 часот и 15 минути. На местото на несреќата се врши увид.