Македонија
19. December 2018 - 9:08

Воз удри во автомобил на преминот Маџари, едно лице загина

Едно лице загина кога воз удри во возило на железничкиот премин кај Маџари во Скопје утрово во 5.50 часот.

Според првичните информации, товарен воз што сообраќал од Табановце кон Скопје удрил во возило „фолксваген венто“ управувано од машко лице кое починало на местото на несреќата.