Свет
6. October 2017 - 18:37

Воз налета на автобус: Најмалку 19 жртви межу кои и едно дете

Најмалку 19 луѓа загинаа при судар на воз и автобус во близина на градот Владимир во Русија 180 километри североисточно од Москва, пренесуваат тамошните медиуми. 
 
Меѓу загинатите е и едно дете, а две деца се во критична состојба. Сударот се случил во 3.39 наутро по локално време. 
 
Пет лица се пренесени во болница, од кои четири се наоѓаат во критична состојба. Истрагата е во тек. 
 
Според првичните информации, возачот на автобусот со казастански регистриски таблички се обидел да ја помине пругата додека на семафорот било запалено црвеното светло, а моторот на возилото откажало додека се наоѓало на средината од пругите... 
 
- Патниците во автобусот спиеле. Вкупно биле 50 лица. Возачот викал да излезат патниците и да го турнат автобусот преку пругите. Оние кои излегле преживеале, а оние кои останале во автобусот загинале. Автобусот е преполовен, изјавуваат од локалната полиција.