Македонија
18. February 2019 - 17:17

Воз излета од шините, за среќа нема повредени патници

Патнички воз кој сообраќал на линијата Кичево – Скопје утрово се излизгал од шините. Несреќата се случила откако композицијата налетала на одрон од земја и камења, на делот од пругата во близина на гостиварските села Лакавица и Падалишта. Ниту еден од педесетмината патници, кои во тој момент биле во возот не се пожалиле на повреда. Првичниот увид покажал дека е оштетен моторот на возот, а железничкиот сообраќај на релација Кичево – Гостивар е во прекин.

Од МЖИ велат дека ваквите незгоди се резултат на неинвестирањето во одржување на патната мрежа.  Директорот Асани вели дека ова јавно претрпијатие добива помлаку пари од она што е предвидено.

Според него се додека ЈП за државни патишта добива 100 пати поголем буџет од МЖ Инфраструктура, веројатноста да се случи ваква незгода ќе биде поголема.

Ова е втора поголема железничка несреќа во нашата земја изминативе 20тина дена, поради одрон на железничкиот коловоз. На крајот од минатиот месец товарен воз кој сообраќаше на линијата Велес – Скопје излета одпругата и удри во метални столбови, по што со повреди се здобија машиновозачот и совозачот.