Воведни зборови на обвинителката Фатиме Фетаи во „Титаник 3“
Со воведното излагање на специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи денеска во Кривичниот суд Скопје почна судењето во предметот „Титаник 3“, во кој на обвинителната клупа се наоѓаат Ејуп Аљуми и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир „уништувале изборен материјал“ .
-Двајцата обвинети со своите дејствија влијаеле директно врз изборниот резултат. Тие имале криминален нагон да ја фалсификуваат изборната волја на граѓаните на Чаир со цел да остварат политичка моќ, истакна обвинителката Фетаи на почетокот од воведните зборови.
Двајцата, според неа, извршиле брутално насилство врз изборните бројки,согласно сопствените политички потреби. Незадоволни од вистинскиот изборен резултат тие формирале група за дејствување, односно имале цел генерираат поволен изборен резултат. Со закана успеале да го скршат отпорот на сведоците и ги приклучиле кон себе. Групата ја обезбедиле според позната изрека за стапот и морковот, односно ги уцениле со зборовите „доколку не го сториш ова нема да поминеш добро. Имаме договор со ВМРО, ништо нема да ви се случи“.
Претходно денеска дојде до промени во судечкиот совет, па на местото на судијата Гордана Спировска, која заради здравствени проблеми на сопругот пред неколку дена итно го напушти судењето, сега е кооптирана судијката Љубинка Башевска. Предметот „Титаник 3“ и натаму ќе го води судијката Оља Ристова.
Судот, исто така, пред стартот на воведните зборови, го одби барањето на адвокатот Еленко Миланов за изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, што беше побарано на рчиоштето од пред три дена.
Ново на Сител
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО