Македонија
25. January 2019 - 10:00

Воведена забрана за камиони преку Ѓавато

Од 08:15 часот изутринава е воведена забрана за  движење за тешки товарни возила на патот Битола-Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Поради снежните врнежи претходно беа воведени забрани за движење на камиони и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка, а за камиони на  патот Дебар – Маврови Анови и обратно и преку планинскиот превој Стража.

Врнежите почнаа од ноќеска, а денеска, како што најави Управата за хидрометеоролошки работи, нашето подрачје ќе потпадне под влијание на нов и студен влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. На повеќе места врнежите ќе бидат обилни.