Македонија
31. May 2016 - 12:28

Воспостaвeн железничкиот товарен сообраќај со Солун

По повеќе од седумедесетдневна блокада на пругата на Коридорот 10 од страна на мигрантите кај Идомени во Грција, воспоставен е железничкиот товарен сообраќај меѓу Скопје и Солун.

- Поради кризата со мигрантите од арапските и африканските држави, од грчката страна на границата, кај Идомени беше блокирана пругата со што во прекин беше целокупниот железнички сообраќај меѓу Грција и Република Македонија. Блокадата, директно и индиректно, предизвика огромни штети на стопанствениците во Македонија, а и пошироко. Со блокирањето на пругата престана превозот на стока наменет за Македонија, но истовремено и стопанствениците од Македонија не можеа своите готови производи да ги достават до своите коминтенти на светските пазари, се вели во денешното соопштение од Македонски железници - Транспорт.

Оттаму посочуваат дека блокадата негативно се одразила и на финансиската состојба на МЖ Транспорт АД – Скопје, бидејќи компанијата не била во состојба да ги реализира договорените превози од и за Солун, како и транзитот низ пругите  на Македонски железници.