Вооружениот маж во белградската населба Раковица и се предаде на полицијата
Вооружениот маж, кој утринава се заканувал дека со бомба ќе разнесе зграда во белградската населба Раковица, по двочасовни преговори и се предаде на полицијата, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.
Како што се наведува, полицијата го уапсила 44-годишниот Б.Ј., кој бил вооружен, а по кого веќе е распишана потерница од Првиот основен суд поради издржување затворска казна.
Српските медиуми претходно пренесоа дека мажот бил вооружен со пиштол и на себе имал панцир.
Околу зградата се наоѓале големи полициски сили, меѓу кои и интервентни единици и припадници на Специјалната антитерористичка единица, како и преговарачка екипа. Сообраќајот се пренасочува и полицијата не дозволува никој да се приближи. На местото на инцидентот се наоѓале и екипи на итна медицинска помош.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари