Македонија
13. July 2016 - 11:53

Вооружени разбојници ограбија Кам маркет во Чаир

Синоќа околу 20.55 часот во Скопје, на ул.„Џон Кенеди“ во маркет „Кам“, лоциран кај пензионерскиот дом, две маскирани лица вооружени со пиштоли влегле во маркетот дошле до касите каде имало и купувачи и со вперени пиштоли ги отвориле касите, го земале дневниот промет и се дале во бегство.
 
Се преземаат мерки за откривање на сторителите.