Македонија
6. December 2015 - 12:41

Вооружен разбојник ограби спортска обложувалница во Скопје

Вчера околу 20,40 часот во Скопје на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ поточно во спортска обложувалница „Д-Слот“, едно непознато маскирано лице  со закана со огнено оружје извршил разбојништво над 

тројца вработени одземајќи сума на пари од околу 35.000 денари  по што го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.