Македонија
10. April 2018 - 13:46

Вооружен напад во скопско Маџари

Вооружен напад се случил вчера во скопската населба Маџари. Според информациите на МВР, вчера во  19,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, било пријавено дека на улицата „Маџари“ во аптека непознато лице со закана со пиштол од вработената одзело околу 18.900 денари по што го напуштил местото на настанот. 

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.