Балкан
12. October 2020 - 10:32

Вооружен инцидент пред зградата на хрватската Влада

Во Загреб пред зградата на хрватската Влада утрово е повреден полицаец од огнено оружје, а хрватските медиуми објавија дека напаѓачот се самоубил.

– Полициските службеницви на адреса во Јабуковац пронајдоа лице кое одговара на описот на напаѓачот, лицето изврши самоубиство, соопшти полицијата по инцидентот.

Повредениот полицаец со возило на брза помош е однесен во болница.

Според очевидци при нападот се слушнало рафал, додека дел од хрватските медиуми објавија дека во полицаецот е пукано од калашњиков.