Македонија
11. March 2020 - 19:15

Вооружен грабеж во спортска обложувалница во Куманово

Вчера околу 09.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека во спортска обложувалница на бул.„Октомвриска револуција“ едно лице со закана со пиштол од вработената одзело пари и мобилен телефон, по што побегнало.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.