Македонија
17. January 2020 - 12:41

Вооружен грабеж среде бел ден во НЛБ „Тутунска банка“ во Ѓорче Петров

фотографијата е од вооружениот грабеж на Тутунска банка во Чаир
 

Утринава во експозитурата Ѓорче Петров на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж. Сите клиенти кои се затекнаа во експозитурата, како и вработените на Банката се безбедни и се во добра состојба.

Во овој момент, претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во експозитурата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план.

Паралелно, Банката соработува со надлежните органи за брзо и ефикасно решавање на случајот, како и утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително, велат од НЛБ Банка АД Скопје.