Македонија
27. September 2022 - 16:24

Вооружен грабеж на обложувалница во Скопје: Нападнат вработен и одземен дневен промет

Вчера во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Ферид Бајрам“ две лица физички го нападнале вработениот и одзеле пари од дневниот промет.

- Според пријавеното, едно од лицата од пиштол испукало кон пултот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.