Македонија
24. March 2018 - 11:21

Вооружен грабеж на аптека во Битола, еве што се украде разбојникот

На ул. „Ордан Николов“ во Битола, вчера во 18:45 часот непознат сторител извршил разбојништво. 

Сторителот  со закана со пиштол од вработените одзел 80 шишенца (по 10мл) „метадон“, околу 2.000 денари, мобилен и фиксен телефон, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.