Македонија
27. January 2020 - 19:46

Вонредни мерки против загадувањето во Скопје и во Тетово

Само во Скопје и Тетово стапија на сила мерките против енормно загадување.Надминат е прагот на алармирање во претходнит два дена во населбите  Лисиче , Карпош и општина Тетово. Од Владата им порачуваат на работодавците да ги ослободат од работа бремените жени, лицата со хронична астма, прележан ифаркт и мозочен удар како и лицата постари од 60 години.

Препорака до Инсталациите коишто поседуваат А – ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50 %) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија.

Инспекторатот да врши  зачестени контроли  на инсталациите  и да спроведе мерење на емисиите на загадување.

Владата меѓу другото го задолжува  министерството за здравство да обезбеди поголем број екипи на итната медицинска помош.

Еко здруженијата велат ваквите мерки не даваат ефект туку можат само да ја намалат изложеноста на штетниот воздух. Главни загадувачи се индустриите а тоа го покажало и ревизорскиот извештај од ЕУ.

Советничката во главниот град  и активистка Драгана Велковска вели препораките од градот Скопје се контрадикторни на она што го работат .Елаборатот кој самите го нарачале и  бил презентиран пред советниците покажал дека возилата не се главниот извор на аерозагадувањето.

За аерозагадувањето жестока дебата со меѓусебни обвинувања се одвива и во Парламентот. Високо ниво на штетни ПМ честички и денеска се измерени во повеќе градови низ земјава.