Свет
2. March 2017 - 13:10

Вонредни избори во Северна Ирска за нов состав на Собранието

Во Северна Ирска денеска се одржуваат вонредни избори за нов состав на Собранието во оваа британска покраина, само десет месеци по изборите од мај минатата година.

Изборите се одржуваат по оставката на поранешниот заменик на првиот министер Мартин Мекгинис.

Според мировните договори за Северна Ирска, со владата во Белфаст, заеднички управуваат по еден претставник на унионистите и на републиканците-католици, при што оставката на еден од нив, повлекува паѓање на владата и одржување вонредни избори.

Вкупно 1,2 милиони северноирски гласачи одлучуваат за изборот на 90 членови на Собрането во Стормонт, што е за 18 пратеници помалку од досега.

Намалувањето на бројот на членовите на Собранието е направено за да се заштедат средства на северноирскиот буџет.

Со мерките за штедење е опфатен и бројот на кандидатите за изборите, па сега во трката за место во Собранието учествуваат 228 кандидати, што е за 48 помалку отколку во мај минатата година.

Претходните испитувања на рејтингот на партииите покажуваа дека Демократската унионистичка партија (ДУП) кај локалните протестанти и републиканската Шин Феин , кај католиците, одново ке освојат најмногу места во Собранието, па лидерите на овие две партии ке бидат на функциите прв и заменик прв министер во владата.

Броењето на гласовите ќе започне од утре наутро.

Мартин Мекгинис поранешен командант на паравената Ирска републиканска армија (ИРА) кој низ мировниот процес се трансвормира во силен миротворец во Северна Ирска и респектабилен политичар во покраината, поднесе оставка, по неговиот политички судир со лидерот на ДУП, Арлен Филипс.

Подоцна, Мекгинис најави повлекување од политиката, објаснувајќи го тоа со здравствени причини.