Македонија
21. April 2016 - 17:31

Вонредна временска прогноза за утре

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Температурата ќе се движи од 17 до 24 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Температурата ќе достигне до 23 степени.

До сабота ќе биде стабилно и суво со благ пораст на дневната температура. Од сабота кон крајот на денот до вторник ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд и со умерен до засилен ветер, претежно од западен правец.