Вонредна временска прогноза: УХМР најавува снег
Во сабота облачноста ќе се зголемува и ќе дува засилен јужен ветер. Попладне во западните делови ќе започнат врнежи од дожд. Кон крајот на денот и ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава, а на повисоките места и планините ќе поминуваат во снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде се очекува да наврнат над 25л/м 2 .
Во недела времето ќе биде студено со слаб до умерен северозападен ветер, а претпладне во западните и северните делови ќе има повремени слаби врнежи од снег. Границата на снежните врнежи се очекува да се спушти и и до 500 м.н.в.
Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а помала снежна покривка може да се формира и на некои повисоки места.
Во почетокот на наредната седмица ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со умерен јужен ветер.
Ново на Сител
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто