Македонија
3. May 2017 - 21:13

Вонредна временска прогноза: Еве какво време не очекува

Во текот на ноќта ќе се стабилизира нестабилното време кое беше проследено со краткотраен пороен дожд, грмежи и ветер.
 
Утре пак, не` очекува сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја.
 
Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.
 
Температурата ќе достигне до 29 степени.