Вонредна вест: Доаѓа циклонот Луцијан - силно невреме во Македонија
Во текот на утрешниот ден како што и претходно најавивме ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југоисточен правец па поради силното јужно воздушно струење ќе се врши транспорт на прашина и песок од Сахара.
Времето ќе биде сончево и многу топло се до доцните попладневни часови кога ќе има дестабилизација на атмосферата и локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтезивни и застапени во форма на невреме проследено со поинтензивен пороен дожд, засилен ветер, силни електрични празнења и услови за појава на град.
Во сабота веќе на многу места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер и исто така локално процесите ќе бидат поинтезивни и во форма на невреме проследено со поинтензивен пороен дожд, засилен ветер, силни електрични празнења и услови за појава на град.
И натаму сотанува многу топло со многу високи температури на воздухот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја додека овчарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштита а додека трае невремето и електричните презнења препорачуваме домаќинствата да ги исклучуваат сите уреди во домот.
Ново на Сител
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра