Балкан
14. August 2017 - 18:55

Вонредна состојба во едно е најголемите туристички места во Грција

Грчките власти прогласија вонредна состојба на островот Закинтос, каде што четири дена беснеат пожари.

Противпожарната служба соопшти дека гори на 12 локации, но дека куќите и туристичките населби на островот, кој се наоѓа во западниот дел на Грција, не се загрозени.

Градоначалникот на Закинтос, Павлос Колокоцас, рекол дека постојат јасни индиции дека пожарите се намерно подметнати.