Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Ерусалим
Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи итна вонредна седница посветена на американското признавање на Ерусалим како престолнина на Израел, на барање на некои арапски земји и држави со мнозинско муслиманско население.
- На седницата повторно ќе се гласа за нацрт-резолуцијата за повлекување на одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп, изјави палестинскиот пратеник во ОН, Ријад Мансур.
САД во понеделникот ставија вето на резолуцијата, а денешното гласање нема да биде обврзувачко, меѓутоа, како што наведуваат медиумите, ќе има политичка тежина.
Ова е десетта вонредна итна седница на Советот за безбедност на ОН, а последната е одржана во 2009 година година во источен Ерусалим.
Амбасадорката на САД при ОН, Ники Хејли изјави дека од Трамп добила наредба да следи кои држави „ќе гласаат против САД“, предупредувајќи дека „ќе ги запише нивните имиња“.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете држави
-
ДЗС и Народна Банка потпишаа договор за соработка и размена на податоци
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир
-
Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата