Македонија
12. October 2018 - 22:36

Вонредна седница на Советот на Општина Аеродром за 9-катницата кај Мајчин дом

9 члено партиципативно тело, составено од претставници од Општина Аеродром и граѓански активисти ќе го решава проблемот со изградбата на станбениот објект на просторот до ЗУ “Мајчин Дом”. Градоначалникот Златко Марин очекува да се изнајде решение во рок од 10 дена. Вели дека со мораториу нема да се спречи изградбата, туку само ќе се одложи.

Погрешната одлука што тогаш ја донесовме ние ја плативме на избори, истакнаа советниците од ВМРО ДПМНЕ. Посочија дека доколку градоначалникот Марин сакал навистина да го стопира градењето на објектот, можел веднаш кога застанал на градоначаничкото столче да направи ревизија на ДУП за овој објект.

Граѓаните кои бела дел од дебатата побараа трајно стопирање на изградбата и носење на закон за кривична одговорност за сите оние кои претходно, но и во иднина ќе изгласаат ваков ДУП.

Во моментов изградбата на станбената зграда е стопирана со одлука на општинските власти, поради утврдени неправилности на градилиштето. Забраната истекува на 25ти овојмесец, а до тогаш треба да биде познато и конечното решение.